Никлас Бентнер Содржина Технички карактеристики | Клупска кариера | Титули | Надворешни врски | Наводи | Прегледникофицијален веб-сајт на Никлас БентнерПрофилDanish national team profileПФА Профил"Bendtner explains squad number change from 26 to 52."
Луѓе од КопенхагенДански фудбалериФудбалери од Премиер ЛигаФудбалери во Серија АФудбалери на ФК АрсеналФудбалери на ФК Бирмингем СитиФудбалери на ФК СандерлендФудбалери на ФК ЈувентусФудбалери на Светско првенство 2010Фудбалери на Европско првенство 2012Родени во 1988 година
Копенхаген данскифудбалернапаѓачРозенборг БКданската репрезентација централен напаѓачАрсен ВенгерКопенхаген Болдклуб или КБФК Копенхаген АрсеналАртуро ЛуполиЛига купот СандерлендСтедијум оф ЛајтКвинси Овусу-Абеије Чемпиншип лигата Бирмингем СитиСтивен Клеменс Колчестер ЈунајтедОлимпик Лион Милан Њукасл ЈунајтедЛига купотЛигата на шампионите Славија ПрагаЕмануел Ебуе ЕвертонФА Купот Барнли ТотенхемЦеск ФабрегасЕмануел ЕбуеАрсен ВенгерЕмануел АдебајорРобин ван Перси полуфиналето од Лига КупотХауард ВебВилијам ГаласФудбалската асоцијацијаАстон Вилаво сезоната 2008-09 БолтонЕмануел Ебуе Динамо Киев Хал СитиРобин ван Перси Рома Вест Бромвич Албион Блекбурн РоверсАндреј Аршавин Њукасл Јунајтед Манчестер ЈунајтедСтандард ЛиежАстон МартинОлимпијакос Блекбурн Роверс ЛиверпулГерманија ТотенхемВила Парк СандерлендСтоук Сити Порто Хал СитиБоаз МајхилДенилсон ВулверхемптонБарселонаВајт Харт ЛејнСветското првенство 2010 Бирмингем СитиМанчестер Сити Њукасл ЈунајтедЛига купотСент Џејмс'С Парк Виган Атлетик Ипсвич ТаунФА Купот Лига Еден Лејтон ОриентЈан Рајт Јеовил ТаунБарселона Лигата на шампионите СандерлендСтив Брус Челзи Вест Бромвич АлбионАхмед ЕлмохамадиГерет МекАули Болтон Квинс Парк РенџерсСвонзи Ситидербито на Тајн и Вер ЛиверпулСтедијум оф ЛајтМанчестер СитиСерија А ЈувентусИталијанскиот фудбалКјевоЈувентус СтадионФабио Кваљарела
(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());
Никлас Бентнер
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден на | 16 јануари 1988 (1988-01-16) | ||
Роден во | Копенхаген, Данска | ||
Висина | &100000000000001950000001,95 м | ||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Розенборг | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
КБ | |||
Арсенал | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2005-2014 | Арсенал | 108 | (24) |
2006-2007 | → Бирмингем Сити | 42 | (11) |
2011-2012 | → Сандерленд | 28 | (8) |
2012-2013 | → Јувентус | 9 | (0) |
2014-2016 | Волфсбург | 31 | (3) |
2016-2017 | Нотингем Форест | 15 | (2) |
2017- | Розенборг | 23 | (14) |
Репрезентација ‡ | |||
2006 | Данска 21 | 4 | (2) |
2006- | Данска | 77 | (29) |
† Учества (Голови). ‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 8 октомври 2017 |
Никлас Бентнер (роден на 16 Јануари 1988 во Копенхаген) е дански фудбалер, напаѓач на Розенборг БК и данската репрезентација.
Содржина
1 Технички карактеристики
2 Клупска кариера
2.1 Младински кариера
2.2 Арсенал
2.2.1 На заем во Бирмингем Сити
2.2.2 сезона 2007-08
2.2.3 сезона 2008-09
2.2.4 сезона 2009-10
2.2.5 сезона 2010-11
2.2.6 Заемот во Сандерленд
2.2.7 Заемот кај Јувентус
3 Титули
3.1 Јувентус
4 Надворешни врски
5 Наводи
Технички карактеристики |
Неговата вообичаена позиција е централен напаѓач, но исто така тој играл и по десната страна во нападот, каде беше користен од страна на Арсен Венгер во периодот додека настапуваше за Арсенал.
Клупска кариера |
Младински кариера |
Како дете, Бентнер играл фудбал за Тарнби Болдклуб пред да му се приклучи на Копенхаген Болдклуб или КБ, кој е фидер клуб на еден од најславните дански клубови ФК Копенхаген. во 1998 година. Тој постигна четири гола во шест меча за данскиот национален младински тим, кога и го привлече вниманието на скаутите на англискиот клуб Арсенал во текот на летото 2004 година.
Арсенал |
Бентнер формира одлично и профитабилно партнерство во резервите на Арсенал, со уште еден странски соиграч во Арсенал, италијанецот Артуро Луполи. Своето деби за првиот тим на Арсенал, Бентнер го направи на 25 октомври 2005 година, во натпревар од Лига купот против Сандерленд на Стедијум оф Лајт, како замена за Квинси Овусу-Абеије во последните минути од мечот.
На заем во Бирмингем Сити |
Бентнер бил позајмен во тимот од Чемпиншип лигата Бирмингем Сити во август 2006 година за да се здобие со искуство играјќи за првиот тим, а заемот првично требаше да трае до јануари 2007 година. Бентнер го направи своето деби за Бирмингем, влегувајќи како замена за Стивен Клеменс, во натпреварот против Колчестер Јунајтед на 5 август 2006 година. Тој го одигра последниот половина час, од мечот постигнувајќи го победоносниот гол за својот тим. Накрајот заемот на Бентнер во Бирмингем беше продолжен до крајот на сезоната 2006-07.
сезона 2007-08 |
Бентнер потпиша нов пет-годишен договор со Арсенал во мај 2007 година, и се врати во клубот за почетокот на сезоната 2007-08 во Премиер лигата. По импресивниот период во Бирмингем, напаѓачот се уште тинејџер беше претставен со можноста да игра фудбал во првиот тим на друго место, по извештаите дека Олимпик Лион и Милан го сакаат овој талентиран тинејџер, но тој остана со цел да го заработи своето место во стартниот тим на топџиите.
Неговиот прв погодок во официјален натпревар за Арсенал беше, победнички гол во победата од 2-0 против Њукасл Јунајтед на 25 септември 2007 година во натпревар од Лига купот. На 23 октомври, тој го постигна својот дебитантски погодок во Лигата на шампионите. Голот дојде во 89 минута против Славија Прага по нешто повеќе од 20 минути по влегувањето во игра како замена, завршувајќи ја акцијата на Емануел Ебуе за да го постави конечниот резултат во демолирањето со 7-0.
Неговиот прв старт во Премиерлигата дојде на 29 декември 2007 година против Евертон, но на крајот беше исклучен откако заработи два жолти картони. По суспензијата, Бентнер го постигна својот прв го во ФА Купот против Барнли на 6 јануари 2008 година кога Арсенал победи со 2-0.
Својот прв погодок во Премиер лигата, Бентнер го постигна на 22 декември 2007 година во победата на Арсенал со 2-1 над Тотенхем на Емирати стадионот. Тој одлично ја зафати топката со глава за да го постигне победничкиот гол по нафрлената топка од корнерот на Цеск Фабрегас по само 1,8 секунди (официјално време) откако влезе во игра на местото на Емануел Ебуе, кршејќи го претходниот рекорд.
Во текот на сезоната, менаџерот Арсен Венгер се обиде да направи добро партнерство меѓу Бентнер и Емануел Адебајор кога Робин ван Перси добиваше одмор. Бентнер и Адебајор, сепак, не се снаоѓа баш најдобро. Тоа стана сосема јасно во текот на полуфиналето од Лига Купот кога на реваншот нагости кај Тотенхем двајцата имале жестока расправија на теренот во која замалку не дошло до физичка пресметка кога при резултат 4-1 за Тотенхем и судијата Хауард Веб, капитенот Вилијам Галас, и другите соиграчи морале да интервенираат и да ги одделат двете страни. Адебајор подоцна се извини на веб страната на Арсенал и Фудбалската асоцијација одби да превземе било каква конкретна акција против напаѓачкото дуо на Арсенал.
Во оваа сезона за одбележување беше уште еден погодок на Бентнер, кој го постигна во последната минута за да го израмни резултатот против Астон Вила со кој го задржи Арсенал на врвот на табелата.
сезона 2008-09 |
Тој го постигна својот прв гол во Премиер лигата во сезоната 2008-09 против Болтон и му асистираше на Емануел Ебуе, сето тоа ево период од една минута.
Тој имаше тежок период во октомври и ноември, но на 25 ноември, тој постигна драматичен и контроверзен гол-винер во 87 минута против Динамо Киев во Лигата на шампионите да му обезбеди пласман на Арсенал во нокаут фазата. Во јануари, тој постигна два гола влегувајќи како замена, и двата на крајот се покажаа како винери на домашен терен против Болтон и против Хал Сити, интересно и двата по центаршутеви на Робин ван Перси.
На 24 февруари, тој беше изнервиран тотално по промашуваето на голем број на шанси во победата од 1-0 победа дома на Рома во нокаут фазата од шампионската лига. По ова тој се најде во списанијата, каде за него се пишува "како напаѓач, кој промашува шанси". Следната недела, Бентнер се извади постигнувајќи два гола во победата над Вест Бромвич Албион, кога Арсенал победи со 3-1 далеку од дома. Навивачите на Арсенал испратија многу остри зборови кон него, откако тој пропушти низа од шанси против Блекбурн Роверс. Сепак, крајниот исход по клубот не беше страшен бидејќи Арсенал уште еднаш победи овојпат со убедливи 4-0, благодарение на два гола на Андреј Аршавин и уште два на Ебуе. Бентнер постигна гол во победата од 3-1 над Њукасл Јунајтед, стрелајќи прецизно со глава по слободен удар до голема далечина.
На 5 мај 2009 година, Бентнер 21-годишното момче, беше обвинет како излегува од ноќен клуб неколку часа по поразот на Арсенал дома со 3-1 од нивните најголеми ривали Манчестер Јунајтед во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој подоцна изјавил дека "Јас можеби сум млад, но моите постапки се ситни грешки и јас проценувам дека тоа не е нешто поради што јас треба длабоко да жалам". Бендтнер влезе како замена во второто полувреме за Арсенал, кој загуби со вкупен резултат 4-1 од бранителот на титулата, Манчестер Јунајтед.
сезона 2009-10 |
Бентнер ја започна новата сезона, најавувајќи промена во неговиот број на дресот во тимот на Арсенал за сезона 2009-10. "Пред стартот на сезоната, ја сакав да го променам мојот тимски број од 26, што очигледно го носев неколку сезони по ред. Избрав да го земам дресот со број 52, бидејќи тоа е специјален број за мене лично, и се надевам дека тоа ќе ми носи среќа за новата сезона. Го ценам тоа што веќе еден добар број на фанови го купиле како дел од нивните колекции во текот на сезоната 2009-10 за која веќе се испечатени имињата и броеви, така да би сакал лично да ги покријам трошоците за замена на дресот со секој кој ќе сака да го има мојот претходен број. Тоа значи навистина многу да видите како навивачите го носат вашето име и бројот."[1]
На 16 септември, Бентнер го постигна својот прв гол во сезоната откако беше точен во натпревар од групната фаза на Лигата на Шампионите во 3-2 победата над Стандард Лиеж. Утрото на 27 септември, тој бил вмешан во сообраќајна несреќа додека возел по А1 патот. Тој претрпел нагмечување на неговите колена и заработил болка во рамото како и отпишување на неговиот Астон Мартин. Тој потоа го пропушти натпреварот на Арсенал во Лигата на Шампиони со Олимпијакос, во кој Арсенал победи со 2:0. Тој се врати на 4 октомври 2009 година и го постигна својот прв лигашки погодок во сезоната во победата на Арсенал со 6:2 над Блекбурн Роверс. На 28 октомври, тој постигна го победничкиот гол во победата на Арсенал над Ливерпул во Лига купот со 2-1.
На 10 ноември, Бентнер бил подложен на операција на препоните во Германија по влошувањето на истата повреда која се здобил во победата од 3-0 на 31 октомври против Тотенхем. Се очекувало Бентнер да биде надвор од игра до четири недели, но тој се вратил дури на 27 јануари во ремито безголови 0-0 на Вила Парк против Астон Вила. Својот прв натпревар кој го започнал во стартните 11 откако се опоравил од повредата, Бентнер го има на 10 февруари против Ливерпул. Тој одиграл 82 минути во натпреварот во кој Арсенал победил, а по натпреварот менаџерот изјавил дека завршил со враќање на Бентнер во полна кондиција.
На 20 февруари, Бентнер го постигна својот прв гол уште од октомври 2009 година против екипата на Сандерленд. По овој погодок наскоро следеше и голот против Стоук Сити во победата со 3-1. Во март, тој го постигна својот прв хет-трик во својата професионална кариера откако ја изрешета мрежата на Порто во победата со 5-0 во реваншот од првата нокаут рунда во Лигата на шампионите за да го прати Арсенал напред во турнирот по поразот на Лондонскиот клуб со 2-1 во првиот натпревар. Во неговиот следен натпревар, лигашката средба со Хал Сити, Бентнер го постигна вториот гол во победата на Арсенал со 2-1, кој дојде откако голманот на Хал Боаз Мајхил само кратко ја одби топката по шутот на Денилсон во судиското продолжение од мечот. На 3 април, тој го постигна победничкиот гол во победата со 1-0 над Вулверхемптон дома во Премиер Лигата, истотака во последните моменти од мечот, отако шутираше прецизно со глава по нафрлената топка во 94. минута. Бентнер, исто така, го постигна единствениот гол за Арсенал во поразот со 4-1 од Барселона кога тие беа исфрлени во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. На почетокот на април, беше објавено дека Бентнер ја добил наградата за играч на месецот на Арсенал за неговите настапи во март, што е прва негова награда од ваков тип, бидејќи тој никогаш не ја добил наградата иако ова му беше трета сезона како регуларен член на тимот. Бентнер, исто така, постигна уште еден гол за Арсенал во натпреварот против Тотенхем на 14 април 2010 во поразот со 2-1 на Вајт Харт Лејн.
сезона 2010-11 |
Откако заработи повреда за време на Светското првенство 2010 и по скоро четири месеци надвор од акција, Бентнер, конечно се врати на терен влегувајќи како замена во натпреварот против Бирмингем Сити на 16 октомври. На 24 октомври, тој постигна својот прв гол во сезоната во победата со 3-0 нагости кај Манчестер Сити. Три дена подоцна, тој постигна гол повторно, откако со моќен удар го совлада голманот на Њукасл Јунајтед во Лига купот на Сент Џејмс'С Парк, кога Арсенал победи со високи 4-0. На 29 декември, тој го посвети својот погодок, против Виган Атлетик, на неговото новороденче. Тој продолжи да постигнува погодоци, постигнувајќи го својот прв гол во 2011 година на 25 јануари против Ипсвич Таун во Лига Купот. Погодокот против Ипсвич, исто така, му донесе награда за Гол на Месецот на Арсенал за јануари. На 2 март 2011 година, Бендтнер постигна хет-трик во ФА Купот во преигрувањето од петтата рунда против Лига Еден тимот на Лејтон Ориент, негов прв хет-трик по речиси една година, а исто така тој стана првиот играч на Арсенал со хет-трик во ФА Купот уште од Јан Рајт кој го сторил тоа против Јеовил Таун во 1993 година. На 8 март 2011 година, по влегувањето како доцна замена, тој не успеа да искористи голема шанса против Барселона во последните мигови од мечот, со што Арсенал беа елиминирани од Лигата на шампионите.
Заемот во Сандерленд |
На последниот ден од август 2011 година, Премиерлигашот Сандерленд го комплетираше заемот на Бентнер на една сезона, каде што данскиот напаѓач повторно се поврзува со менаџерот Стив Брус со кој работеше една сезона и во Бирмингем. Бентнер набргу потоа изјавил дека никогаш нема да игра за Арсенал повторно што се должи на недоволно укажаните шанси за настап во првиот тим по неговата сообраќајна несреќа. На своето деби, тој асистираше за погодок против Челзи на 10 септември 2011 година. Својот прв гол за новиот клуб го постигна на 1 октомври 2011 против екипата на Вест Бромвич Албион во 24 минута, помагајќи им на црните мачки да стигнат од 0-2 до 2-2 бидејќи тој исто така и додаде за вториот гол што го постигна Ахмед Елмохамади за израмнување на резултатот. Истотака погодокот што го постигнал Бентнер се смета за многу сомнителен откакотој го отурнал од пред себе одбранбениот играч на Албион Герет МекАули за да може лесно потоа да го совлада противничкиот голман.
Вториот гол на Бентнер за Сандерленд стигна во судиското продолжение против Болтон, во натпреварот што заврши 2-0 и тоа воедно беше втора победа за Сандерленд од почетокот на сезоната. Бентнер го постигна својот трет гол за Сандерленд во победата од 3-2 нагости кај Квинс Парк Ренџерс. На 21 јануари 2012 тој претрпел повреда на носот во победата од 2-0 на Сандерленд над Свонзи Сити поради која тој носи маска која му ги покрива носот и очите, и мораше да биде заменет. Но и покрај тоа, Бентнер е одново стрелец и тоа овојпат во најголемото дерби на Сандерленд таканареченото дербито на Тајн и Вер на 4 март, откако реализираше удар од 11 метри за да го доведе својот тим во водство од 1-0. На 10 март, Бентнер постигна погодок и против Ливерпул, што му носи победа на Сандерленд од 1-0. А низата на добри перформанси во серија продолжува со уште еден погодок против КПР овојпат на домашен терен во триумфот со 3-1 на Стедијум оф Лајт како и постигнувајќи го вториот гол за Сандерленд во нивното реми 3-3 нагости кај подоцнежниот шампион во лигата Манчестер Сити. По завршувањето на сезоната токму Сандерленд беше единствениот тим којшто си замина непоразен од гостувањето во Манчестер кај Сити.
Заемот кај Јувентус |
По завршувањето на позајмицата во Сандерленд Бентнер се врати назад во Арсенал и беше дел од нивната подготвителна кампања. Сепак иако се чинеше дека ќе остане во Лондон, тој во последниот ден од трансферниот прозорец во август 2012, му се приклучи на шампионот на Серија А, тимот на Јувентус. Тој дојде на заем за една сезона, со можност за откуп на неговиот договор по крајот на позајмицата.
Своето деби во Италијанскиот фудбал, Бентнер го има на 22 септември против екипата на Кјево на Јувентус Стадион, кога се појави како резерва на местото на двојниот стрелец на тој натпревар Фабио Кваљарела во 80 минута во натпревар што заврши 2-0 за Јуве.
Титули |
Јувентус |
Серија А : 2012-13
Надворешни врски |
- официјален веб-сајт на Никлас Бентнер
Профил на Arsenal.com
Danish national team profile DBU.dk
ПФА Профил на Give Me Football
Наводи |
↑ "Bendtner explains squad number change from 26 to 52.". Arsenal FC. 12 August 2009.
Категорија:
- Луѓе од Копенхаген
- Дански фудбалери
- Фудбалери од Премиер Лига
- Фудбалери во Серија А
- Фудбалери на ФК Арсенал
- Фудбалери на ФК Бирмингем Сити
- Фудбалери на ФК Сандерленд
- Фудбалери на ФК Јувентус
- Фудбалери на Светско првенство 2010
- Фудбалери на Европско првенство 2012
- Родени во 1988 година
(window.RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.264","walltime":"0.389","ppvisitednodes":"value":2574,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":34510,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":7964,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":15,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":0,"limit":500,"unstrip-depth":"value":0,"limit":20,"unstrip-size":"value":1085,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":0,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 296.658 1 -total"," 73.59% 218.312 1 Шаблон:Infobox_football_biography_3"," 65.19% 193.378 1 Шаблон:Infobox3cols"," 20.07% 59.549 1 Шаблон:Наводи"," 13.88% 41.167 1 Шаблон:Cite_web"," 12.55% 37.236 1 Шаблон:Birth_date_and_age"," 6.28% 18.622 4 Шаблон:Flagicon"," 5.34% 15.829 1 Шаблон:Height"," 5.10% 15.143 1 Шаблон:Крат"," 3.92% 11.624 1 Шаблон:Пб"],"scribunto":"limitreport-timeusage":"value":"0.052","limit":"10.000","limitreport-memusage":"value":1372835,"limit":52428800,"cachereport":"origin":"mw1327","timestamp":"20190331041513","ttl":3600,"transientcontent":true);mw.config.set("wgBackendResponseTime":553,"wgHostname":"mw1327"););